Утрински Весник
Македонија

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Уште 426 лица во Србија позитивни на коронавирус, осуммина починале

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирус.

Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи кога вчера беа потврдени 141 новозаразен.

Според податоците на Министерството за здравство, бројката на оздравени пациенти досега изнесува 8.248, а на починати е 529.

Во моментот 3.306 луѓе се активни носители на вирусот. Од нив, 1.157 се од Скопје, во Штип има 342 активни случаја, Гостивар – 285, Куманово – 266, Тетово – 175.

Во болниците во целата држава во моментот се хоспитализирани 389 пациенти.

Досега се извршени вкупно 117.475 тестирања на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани