Утрински Весник
Свет

(Видео) Демонстрантите во Бејрут не отстапуваат, бараат оставка и од претседателот на државата

(Видео) Демонстрантите во Бејрут не отстапуваат, бараат оставка и од претседателот на државата

Во Бејрут и денеска се собраа демонстранти поради катастрофалната експлозија во пристаништето, во кое има повеќе од 100 жртви.

Под притисок на јавноста, либанската влада вчера поднесе оставка, а демонстрантите денеска бараат од функцијата да отстапи и претседателот на државата, Мишел Аун.

Антивладините протести во Либан започнаа само неколку дена по експлозијата, а веќе првиот ден стотици беа повредени, додека еден полицаец беше убиен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови масовни протести во Франција

Протести во над 30 града во Португалија поради станбената криза

Зеленски: Ни понудија членство во НАТО, ако се откажеме од Донбас