Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести предлага наставата да се одвива онлајн, освен во првите одделенија

Комисијата за заразни болести предлага наставата да се одвива онлајн, освен во првите одделенија

Ставот на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто е неопходно физичко присуство на децата. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

На состанокот на Комисијата за заразни болести денеска биле разгледани протоколите за работа на училиштата, а за утре е закажан состанок на кој ќе присуствуваат претставници на Министерството за труд и социјална политика и ќе бидат разгледани протоколите за работа на градинките.

„Во оваа ситуација стравуваме дека транспортот од и до училиште, комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории, во ходниците, во оваа ситуација, во есен во која едноставно не знаеме со што се соочуваме, што може да нѐ чека, не само ние, ниту една земја во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво огрраничување во затворена просторија. Овој став јас го презентирав на денешната седница на Владата, сѐ уште трае дискусијата и со дефинитивен став и заклучок, имајќи ги предвид сите аспекти од Министерството за образование и наука верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена“, потенцираше Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Од овој месец здравствените работници добиваат 10 отсто повисока плата

РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Од 29 Ноември студен циклон ни носи обилни врнежи од дожд, снег и значителна снежна покривка!

Ранѓеловиќ: На фронтот во Украина се борат и платеници од Колумбија