Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Коронавирус пронајден на пакување од смрзната морска храна во Кина

Коронавирус пронајден на пакување од смрзната морска храна во Кина
Img 7972

Кина денеска објави дека пронашла нов коронавирус на пакувања од увезена смрзната морска храна, доставена од пристаништето Далиан, кое во последно време повторно бележи нови случаи на зараза.

Вирусот е пронајден надворешната амбалажа на смрзната храна која ја купиле три компании од Јантаи, пристаништен град во покраината Шандонг во источна Кина.

Градската управа соопштила дека плодовите од морето биле во пратки испорачани во Далиан, но не ја откри земјата на потекло.

Робата е запечатена и на сите вработени кои ја допреле испораката им е одреден карантин, додека нивните тестови за коронавирус се негативни.

Во јули, царината во Далиан пронајде коронавирус на пакет замрзнати ракчиња увезени од Еквадор, а Кина потоа го суспендираше увозот на производи од тројца производители на ракчиња во Еквадор.

Дел од морските плодови купени од три компании од Јантаи се преработени за извоз, а остатокот се чува во ладен магацин и не е пуштен на пазарот, соопштија градските власти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица