Утрински Весник
Магазин

Де Армас ја повлече маската на Афлек за да го бакне кога дојде да ја посети додека снима филм

Де Армас ја повлече маската на Афлек за да го бакне кога дојде да ја посети додека снима филм
Ss2

Таа се впушти во прилично јавна романса со холивудскиот актер Бен Афлек со кој се запозна на снимањето на еротки трилер, а нивната љубов трае уште од март.

Ана де Армас (32) тешко можеше да ги тргне рацете од 47-годишниот актер, кога тој дојде да ја посети на сетот на сè уште неоткриен проект во Малибу во понеделникот попладне.

На кратка пауза од снимањето на филмот, папараците ја уловија Ана како ја симнува маската за лице на Бен за бакнеж на усните. Очигледно е изнервирана од бариерата, коментира „Варајати“.

 

Ана и Бен за прв пат се сретнаа есента 2019 година на снимање на еротскиот трилер „Длабока вода“ кој доаѓа во киносалите на 13 ноември. Гласините за нивната романса започнаа да кружат откако тие беа забележани на одмор во родната Куба на Ана во март.

Неколку месеци подоцна, во јуни, Ана се запозна со неговите деца Семјуел (осум), Серафина (11) и Вајолет (14) од бракот со Џенифер Гарнер. Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 година до нивниот развод во 2018 година.

Настрана неговиот личен живот, таблоидите открија дека Бен ќе го режира The Big Goodbye („Големото збогум“) за „Парамаунт пикчрс“. Филмот e сторија зад сцената на продукцијата на „Chinatown“ („Кинески кварт“), култниот филм од 1974 година со легендарните Џек Николсон и Феј Данавеј.

„Кинески кварт“ во 2010 беше прогласен за најдобар филм на сите времиња. И самиот Николсон често изјавува дека улогата во филмот на детективот Џеј Џеј Гитс му ја отвори вратата на успехот во филмскиот свет.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Бритни Спирс и официјално се разведе

Како хороскопските знаци покажуваат љубомора

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал