Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Сајмон Коувел повреден во несреќа со електричен велосипед

Сајмон Коувел повреден во несреќа со електричен велосипед
300x250 opst2

Познатиот судија во реалити шоуто America’s Got Talent  Сајмон Коувел се здобил со сериозни повреди на грбот во несреќа со својот електричен велосипед, објави „Дедлајн“ додавајќи дека итно бил пренесен во болница каде што му била извршена операција.

Сајмон беше во добро расположение во неделата вечерта во своите први јавни коментари по операцијата. Во пораката објавена на Твитер и Инстаграм, тој сподели неколку добри совети за безбедно користење електричен велосипед и му се заблагодари на медицинскиот тим вклучен во неговата нега.

„Тој имаше неколку ‘рбетни скршеници,“ портпаролот на Коуел изјави за „Дедлајн“. „Го оперираа во саботата ноќта, операцијата помина добро и сега се опоравува во болница“.

Според изворите цитирани од магазинот „Пипл“, операцијата траела пет часа, а на Сајмон морале да му вградат метална шипка во грбот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?

Македонско ремек-дело: „Тигрите” во новиот патриотски филм на Ѓоко Јовиќ