Утрински Весник
Свет

Турскиот сеизмички брод „Оруч реис“ на нова мисија на Медитеранот

Турскиот сеизмички брод „Оруч реис“ на нова мисија на Медитеранот

Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез, истакна дека турскиот сеизмичко-истражувачки брод „МТА Оруч реис“ пристигна во зоната на Медитерант, каде што ќе ја спроведува својата нова мисија, пренесува „Анадолија“.

Министерот Донмез оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“. Тој нагласи дека со цел на Турција да ѝ се овозможи независност во областа на енергетиката, без прекин ќе продолжат истражувањата во Медитеранот и во Црното Море.

Турскиот министер на својот твитер-профил ја сподели и фотографијата на бродот „Оруч реис“.

„Нашиот сеизмичко-истражувачки брод ‘МТА Оруч реис’ за својата нова мисија на Медитеранот тргна од Анталија и пристигна во зоната каде што ќе спроведува операции. ‘Оруч реис’, 83 милиони жители стојат зад тебе“, напиша министерот Донмез.

Како дел од активностите на истражување, Турција ја објави нова истражувачка активност на „МТА Оруч реис“ на источниот Медитеран преку NAVTEX (навигациски телекс) од 10 август 2020 година. Бродот ќе ги продолжи своите активности на источниот Медитеран со бродовите „Џингис-кан“ и „Атаман“ до 23 август.

Турција постојано го оспорува едностраното дупчење во источниот Медитеран од страна на кипарските Грци тврдејќи дека Турската Република Северен Кипар исто така има права на ресурсите во оваа област.

Во 1974 година, по пучот чија цел беше анексија на Кипар од страна на Грција, Анкара мораше да интервенира како гарантска моќ. Во 1983 година е основана ТРНЦ.

Во децениите оттогаш имаше неколку обиди да се реши кипарскиот спор, но завршија со неуспех. Најновиот обид, што се одржа со учество на државите гаранти – Турција, Грција и Велика Британија – заврши без напредок во 2017 година во Швајцарија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња