Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Противниците на Лукашенко гневни: Објавена снимка од неверојатна изборна измама во Белорусија

(Видео) Противниците на Лукашенко гневни: Објавена снимка од неверојатна изборна измама во Белорусија
Img 7972

Откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, освои убедливо мнозинство од 80,23 проценти од гласовите, наспроти популарната опонентка Светлана Тихановскаја, која освои 9,9 проценти, во земјата започнаа немири, по обвинувањата за наместено гласање.

Постојат неколку наводи за тоа, како на пример дека избирачки места биле затворани пред гласачите да пристигнат да гласаат, дека некои гласале пред да се отворат или дека немало гласачки ливчиња затоа што на одредени места веќе гласале сите регистрирани избирачи.

Во контекст на ваквите обвинувања, се појави видео од избирачкото место на кое се гледа член на изборниот штаб кој се спушта по скала од прозорец на вториот кат со торба за која се верува дека содржи гласачки ливчиња.

Во описот на видеото се вели: „Гласачко место 17 од округот Минск. Поради некоја причина, членовите на комисијата се качуваат по скала до прозорецот од вториот кат со пакети кои содржат нешто налик на кутии. Или документи. И сето тоа се следи под будното око на полицијата“.

Полициски сили, а понекогаш и полициски комбиња, контролираа бројни избирачки места.

Независните анкети покажуваат дека Тихановскаја добила 71 процент од гласовите, додека Лукашенко добил само 10 проценти. Во овој момент, ниту еден од податоците на опонентите не може да биде потврден од независна страна.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Втор силен земјотрес го погоди јужниот дел на Филипините откако првиот однесе пет животи

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

Градоначалничка со часови мачена во подрум – шокантни детали за нападот на политичарката