Таа предизвика бура кога излезе од океанот во портокалови бикини со нож околу појасот во Die Another Day (“Умри некој друг ден“), филм од 2002 година, дел од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд.
И 18 години потоа, Хали Бери докажа дека сè уште го има она што е потребно за да биде Бонд-убавица.
53-годишната холивудска актерка објави фотографија на својот Инстаграм на која се гледа како оди боса по песок во сличен дводелен костим за капење како тој од филмот.
Небото се чини дека е малку сиво, што ја наведе да се пошегува во насловот на објавата: „Никогаш немало исенчена плажа“.
Бери непрекинато изнудува комплименти со младоликоста и одржаната фигура, а во неделата уште еднаш потврди дека годините не се никаква пречка за добар изглед. Фит и феноменална, таа е пример како може да се биде секси и после 50.