Утрински Весник
Свет

Трета фаза од испитувањето на кинеската вакцина во Саудиска Арабија, подготвени 5.000 доброволци

Трета фаза од испитувањето на кинеската вакцина во Саудиска Арабија, подготвени 5.000 доброволци

Саудиска Арабија наскоро ќе ја започне третата фаза од клиничките испитувања на потенцијална кинеска вакцина против Ковид-19, во која ќе учествуваат околу 5.000 доброволци, соопшти саудиското Министерство за здравство.

Минатиот месец компанијата „Чаншино биолоџикс“ објави дека е во преговори со Русија, Бразил, Чиле и Саудиска Арабија за третата фаза на тестирање на можна вакцина, пренесува „Ројтерс“.

Истражувачите претходно рекоа дека оваа вакцина, развиена во соработка со кинескиот воен истражувачки тим, е безбедна и создава имунолошки одговор кај повеќето испитаници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби

Трамп негира дека Израел ги вовлекол САД во војна со иранските „лудаци“, за кои вели дека „први ќе нападнеле“

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран