Утрински Весник
Свет

Болсонаро нападна телевизиска мрежа која го обвини за големата смртност во земјата

Болсонаро нападна телевизиска мрежа која го обвини за големата смртност во земјата

Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро ја критикуваше телевизијата Глобо за „кукавичност“, која го обвини дека тој ја сноси вината за смртта на повеќе од 100.000 луѓе во земјата од коронавирус.

Болсонаро ја обвини телевизијата дека за пресвртницата на бројот на смртни случаи зборува како за „финале на Светското првенство“, со тоа што на Твитер напиша дека се однесувале „кукавички и без почит кон смртта“.

Во саботата вечерта, непосредно по официјалното соопштение за 100.000 смртни случаи, ТВ Глобо ја започна веста со долг вовед во кој остро го критикуваше решавањето на кризата од страна на Болсонаро.

Водителите на вестите посочија дека во бразилскиот устав се вели дека „здравјето е право на сите луѓе и должност на националната влада“. На ова тие прашаа: „Дали претседателот ја исполнил својата должност?“

Болсонаро во твитер објави дека „дезинформацијата убива повеќе од вирусите“. Тој посочи дека ТВ Глобо го користи „ковид-19“ во политички цели, што само по себе би можело да предизвика повеќе смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд