Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Во тек се сериозни разговори за стабилна Влада која брзо ќе го чекори европскиот пат

СДСМ: На Мицкоски му се смее цела јавност, вели дека победил со 2-3 пратеника во минус

Од СДСМ информираат дека продолжуваат со сериозни разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Воедно нагласуваат дека разговорите се во насока на пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои, како што велат од партијата, се способни посветено и одговорно да работат на остварување на принципите кои се во интерес на граѓаните и државата.

„Новото парламентарно мнозинство ќе обезбеди стабилна Влада која ќе движи брзо напред по европскиот пат, Влада посветена на економијата, правдата и борбата со Ковид-19. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот“, се наведува во партиското соопштение.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт