Утрински Весник
Свет

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните, објави Си-ен-ен.

Трамп на конференцијата повторно изјавил дека тој ја одобрил здравствената програма за ветераните, но вистината е дека програмата „Ветеранс чојс“ ја донесе поранешниот претседател, Барак Обама кој законски ја одобри во 2014 година, пишува Си-ен-ен.

„Се обидувавме да ја донесеме таа програма со децении. Ниту еден претседател не успеа во тоа, освен јас“, кажал Трамп.

Тој, всушност, го потпишал законот VA MISSION во 2018 година во која се проширени критериумите за влегување во таа програма. Наместо да го изнесе вистинскиот разовј на настаните, Трамп повторно нагласил дека тој е заслужен за програмата, наведувајќи дека другите претседдатели не успеале во тоа цели 50 години.

„Зошто тврдите дека ја одобривте програмата за ветерани?“, го прашала дописничката на Си-би-ес Њуз, Пола Рид.

Трамп се обидел да го игнорира нејзиното прашање и да одговори на прашањето на друг новинар, но Рид била непопустлива.

„Рековте дека ја одобривте програмата за ветерани. Таа беше одобрена во 2014 година … Вие дадовте лажна изјава“, продолжила новинарката.

Трамп тогаш кажал: „Во ред. Благодарам многу на сите“ и ја напуштил прес-конференцијата.

Досега ниту еден новинар не го прашал Трамп на овој начин во врска со неговите изјави за програмата за ветерани, пишува Си-ен-ен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков