Утрински Весник
Свет

Прва оставка поради експлозијата во Бејрут

Прва оставка поради експлозијата во Бејрут

Министерката за информации на Либан, Манал Абдел Самад најави денеска дека поднесува оставка од функцијата.

Ова е прва оставка на еден владин претставник во Либан, по разорната експлозија која предизвика лутина кај народот поради невнимание на надлежните.

„ По огромната катастрофа во Бејрут поднесувам оставка. Им се извинувам на Либанците, не можевме да ги исполниме нивните очекувања“ рекла министерката во кусо телевизиско обраќање.

Либанскиот христијански маронитски патријарх, Бехар Бутрос ал-Раи ја повикал владата да поднесе оставка ако не може да го измени начинот на кој владее со земјата и да и` помогне да закрепне од експлозијата.

Во експлозијата загинаа речиси 160 луѓе, 6000 се повредени, а десетина се исчезнати.

Претседателот на христијанската опозициска партија Катаеб, Сами Џемаил рекол дека тројца пратеници од таа партија одлучиле да поднесат оставка поради катастрората што ја погоди земјата и ги повика сите чесни членови на Парламентот исто така да постапат и да помогнат „во раќањето на новиот Либан“.

Висок претствник од таа партија загина во експлозијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Си Џинпинг побара од словачкиот премиер Фицо поддршка за подобрување на односите меѓу Кина и ЕУ

Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила

Флорида планира укинување на сите задолжителни вакцини, вклучувајќи ги и училишните