Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коалициите на СДСМ траат само неколку часа додека сами не се дематираат

ВМРО-ДПМНЕ: Коалициите на СДСМ траат само неколку часа додека сами не се дематираат

СДСМ и нејзините коалиции траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат. СДСМ веќе неколку дена излегува со информација дека има парламентарно мнозинство и дека ќе прави влада, а потоа самите се демантираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ СДСМ е пишманска партија или сега имаме т.н. пишманска СДСМ. СДСМ треба да излезе и јавно да каже дали има мнозинство во Собранието и дали ќе прави влада.

Доколку не го направи тоа, значи дека тие ова што го прават е манипулирање со граѓаните.

СДСМ ако сака да прави влада треба да се однесува транспарентно“ соопшти партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Комшиите бодрат, нашиот премиер молчи: Олимпискиот срам на Мицкоски

(Видео) Акцијата за одземање марихуана утрово продолжи во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат без возачка