Утрински Весник
Свет

Пронајдена црната кутија од преполовениот авион во Индија

Пронајдена црната кутија од преполовениот авион во Индија

Истражителите ја пронајдоа црната кутија од авионот кој во петокот се излизга од пистата и се преполови на аеродромот во индискиот град Керала.

Авионот на компанијата „Ер Индија Експрес“ со 190 патници и членови на екипажот, кој доаѓал од Дубаи, принудно слета, а до несреќата дошло во моментот кога во овој дел од Индија врнел силен дожд. Како што пренесоа медиумите, загинале најмалку 18 луѓе.

Надлежните соопштија дека е вистинско чудо што бројот на жртвите не е многу поголем.

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека оваа несреќа многу го погодила.

Министерството за цивилна авијација на Индија соопшти дека авионот не се запалил, дека и пилотот и копилотот загинале, како и дека истрагата ќе покаже што било причината за падот на авионот, кој превезувал Индијци, кои не можеле да се вратат во земјата поради рестриктивните мерки за патување воведени поради коронавирусот.

Ова е најтешка несреќа со патнички авион во Индија од 2010 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд