СДСМ води сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот, која ќе ја движи државата напред, соопшти СДСМ.
„ Новата Влада особено внимание ќе посвети на чиста и здрава животна средина, на изградба на екодржава.
Политиките и мерките за чиста и здрава живота средина, предвидуваат стрoга контрола и високи казни за загадувачите, зголемен број екоинспектори, субвенции и инвестиции во чисти извори на енергија.
Заедно ќе се грижиме за заедничкиот воздух, за водите, за почвите.
Правото на здрава животна средина е основно граѓанско право, во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро за изградба на екодржава“ велат од партијата.