Утрински Весник
Свет

Шведска ќе потроши милиони за спас на мејнстрим медиумите

Шведска ќе потроши милиони за спас на мејнстрим медиумите

Шведската влада ќе испорача пакет финансиска помош од 500 милиони шведски круни (57,5 ​​милиони долари) за да им помогне на мејнстрим медиумските компании во екот на пандемијата на коронавирус, пренесува „Дагенс медиа“.

Финансирањето е втор и поголем пакет помош за мејнстрим медиумите во Шведска. Првично беше предложено на почетокот на мај, но шведската министерка за култура, Аманда Линд, сега ги утврди условите за компаниите што ќе се квалификуваат.

Во соопштението за јавноста, владата рече дека помошта ќе биде воведена преку измени во регулативата за поддршка на медиумите и ќе стапи на сила на 13 август. Различни медиуми можат да се квалификуваат за финансиската помош, од дневни весници до веб-страници и радио и телевизиски канали.

Дел од парите за спасување ќе одат за ублажување на загубите во приходите заради падот на рекламирањето од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Најмалку 100 весници во Шведска неодамна излегоа со барање до владата за помош заради намалените приходи од реклами.

Ова не е прв случај шведската влада да им понуди на мејнстрим медиумите помош во милиони шведски круни.  Во 2017 година, владата им додели 13,5 милиони круни на медиумите за борба против т.н. лажни вести пред изборите во 2018 година. „Винова“, шведскиот државен фонд за истражување и развој, стоеше зад иницијативата.

Минатиот месец писателката Иса Линдерборг ги обвини медиумите во Шведска за голема пристрасност. Според Линдерборг, која порано работела како уредник за култура во весникот „Афтонбладет“, шведските мејнстрим медиуми намерно го означувале секој критичар на масовната миграција како фашист.

„Секој што не сакаше отворени граници или сакаше да зборува за интеграција, беше означен како фашист. За културната левица најтешко е да пронајде прогресивни одговори на прашањата за кои сакаат да зборуваат десничарските популисти. Тогаш е полесно да се каже: ‘Не треба да зборуваме за тоа!“ вели таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико