Утрински Весник
Свет

Во Словенија украден камион со 1,2 тона мед

Во Словенија украден камион со 1,2 тона мед

Непознати лица украле камион со 1,2 тона мед и килограм пчелин полен во близина на граничниот премин Фернетичи со Италија, соопшти словенечката полиција.

Кражбата ја пријавил возач, романски државјанин, кој видел дека камионот не е таму кога се вратил од кратката пауза на бензинската пумпа во Фернетичи, пренесува СТА.

Тој рече дека крадците однеле стока во вредност од 60.000 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски разговарал со Виткоф и Кушнер

Трамп точно 37 пати најави договор со Иран, но никогаш не се случи

Лавров: Тешко е да се коментира за перспективите за преговори за Украина во овој момент