Утрински Весник
Македонија

Градот Скопје продолжува со бесплатно собирање на остатоци од берба

Градот Скопје продолжува со бесплатно собирање на остатоци од берба

Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава ќе го опфати целиот Скопскиот плански регион.

Покрај бесплатното подигање на органскиот отпад, Град Скопје како дополнителна мотивација годинава нуди можност секој што ќе ја искористи оваа поволност, во сезоната на садење да добие околу 30 килограми органско ѓубриво на секои 100 килограми отпад. Овој проект ќе опфати и компостирање на собраниот материјал во објект во сопственост на Градот Скопје.

Минатата година оваа кампања за првпат беше организирана од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет и даде одлични резултати – бесплатно подигање на отпадот од бербата од Град Скопје побараа над 120 жители на Скопје, при што беа подигнати, а со тоа беше спречено палењето на околу 700 кубни метри органски отпад.

Оваа година, во кампањата за спречување на палењето стрништа се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури. Во кампањата се вклучи и Халк Банка со поддршка на промотивните активности.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути