Утрински Весник
Магазин

Џенифер Гарнер се релаксира на плажа

Џенифер Гарнер се релаксира на плажа

Актерката Џенифер Гранер вчерашниот ден го помина во Малибу на плажа со пријатели, а нејзиниот сега веќе поранешен партнер Џон Милер беше виден со неговата екс Керолин Кемпбел.

Се чини дека сонцето, песокот, морската вода и вдишувањето на морскиот воздух имаат позитивно влијание на Џенифер (48).

Истиот ден, нејзиниот наводно поранешен партнер Џон Милер, извршен директор на CaliBurger, беше виден во Лос Анџелес.

Растрчаниот бизнисмен беше уловен од папараците додека влегува во голем бел џип со неговата поранешна сопруга, виолинистката Керолин Кембел, со која има две деца.

Претхдно оваа недела Џенифер беше на куса дружба на плажа со нејзиниот добар пријател Бредли Купер, кој со себе ја донесе и тригодишната ќерка Леа Де Син.

Во меѓувреме, анонимен извор на списанието In Touch Wekly рече дека Џенифер и Џон веќе не се заедно. Нивната романса траеше речиси две години.

Инсајдерот рече дека се разделиле пред воведувањето на строгите превентивни мерки во Лос Анџелес поради коронавируот, додавајќи дека тие остануваат пријатели, и дека постои можност да ја зацврстат својата врска во иднина, но засега е готово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста