Утрински Весник
Магазин

Богатите купуваат државјанства во страв од втор бран на коронавирусот

Богатите купуваат државјанства во страв од втор бран на коронавирусот

Следниот пат кога ќе бидат принудени да поминат некое време во карантин, богаташите сакаат да имаат план за бегство на оддалечени и сончеви плажи во земји кои се справија со пандемијата.

Купувањето државјанство е можно, а токму ова стана тренд меѓу богатите особено за време на пандемијата на коронавирус. Тие се спремни да платат за бегство во краишта со море и плажи, а на некои им се привлечни и земјите како Нов Зеланд, кој се избори со коронавирусот.

На богатите на располагање им се програми кои гарантираат државјанство во замена за инвестирање во земјата домаќин. Тоа може да го направат преку специјализирани фирми како што е Henley/Partners, водечка светска консултантска фирма за државјанства.

Право на живот, работа и студирање во Нов Зеланд чини 2 милиони долари. Малта, исто така, нуди слична опција, па една брачна двојка може да добие државјанство за околу 1,2 милиони евра, вклучувајќи и купување на имот на островот.

Бројни богати семејства се одлучиле да купат државјанство, а побарувачката пораснала за 49 отсто во првите четири месеци од годинава во споредба со истиот период лани.

Забележан е пораст за 22 отсто кај оние кои сакаат да аплицираат за ново државјанство или право на престој.

Богатите се заинтересирани и за Карибите, а покажуваат интерес и за Австралија и Нов Зеланд. Исто така, интересна земја им е и Португалија.

Процесот за добивање државјанство на Карибите трае најмалку три месеци, а многу подолго за земјите од Европската унија, објави „Блумберг“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста