Утрински Весник
Свет

Сандерс предлага закон за оданочување на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Сандерс бара Американците бесплатно да добиваат маски

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори Ед Марли и Кирстен Гилбренд предлага Закон за оданочување на милијардерите.

Според законот милијардерите ќе мораат да ги предадат милијардите долари кои ги заработиле за време на пандемијата на коронавирусот.

Сандерс на Твитер објави дека смета дека веќе не смее да се дозволи тројца најбогати луѓе во САД да имаат повеќе пари од најсиромашните 50 проценти луѓе, во време кога над 30 милиони Американци губат работни места и кога 91 милион луѓе се или без здравствено осигурување или со минимално осигурување.

Предлог законот, наречен „ Да ги натераме милијардерите да платат“, би им наметнал еднократен данок од 60 отсто на заработката, која ја оствариле од 18 март 2020 до 1 јануари 2021 година.

Со средствата би се покриле трошоците за сите Американци во период од една година. Со денешниот датум, со тој данок би се собрале 731 милијарда долари за државата.

Ако помине законот би им оданочил се шпто стекнале и што ќе стекнат до крајот на годината.

Најмногу би биле погодени деловните гиганти чие богатство значајно се зголеми за време на пандемијата, а Си-Ен-Би-Си како пример ги наведува „Волмарт“ и „Амазон“, со оглед дека нивните акции значајно пораснале бидејќи Американците се потпирале на нивните услуги за време на пандемијата и останувањето дома.

Тоа сепак допринесе до натрупување милијарди долари за најголемите акции на овие компании, на Џеф Безос од „Амазон“ и семејството Волтон на компанијата „Волмарт“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна