Утрински Весник
Свет

(Видео) Заложничка драма во банка во Франција

(Видео) Заложничка драма во банка во Франција

Заложничка криза се случува во банка во центарот на градот Авра во Франција, пренесува „Дејли експрес“.Според порталот, напаѓачот ослободил двајца заложници, а држи под закана уште четири лица.

Голем број специјални сили се на местото на настанот, а околу банката е поставен безбедносен прстен и евакуирана е околината, наведува порталот.

Тој влегол во банка околу 17 часот вооружен со пиштол. Банката се наоѓа во близина на полициската станица. Неговите барања сè уште не се објавени, но локалните медиуми велат дека некои од барањата се однесуваат на „пристап до џамијата“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија нови напади со дронови, најмалку по петмина загинати на двете страни

Околу 5.000 затвореници ќе бидат предвремено ослободени од британските затвори

Брод со околу 160 мигранти се запали во Ламанш