Утрински Весник
Македонија

Заев со амбасадорката Холштајн: Германија останува нашиот најголем сојузник на патот кон ЕУ

Заев со амбасадорката Холштајн: Германија останува нашиот најголем сојузник на патот кон ЕУ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во државата, состојбата со коронавирусот, како и за евроинтегративниот процес и односите меѓу двете држави.

Посакувајќи и добредојде на германската амбасадорка, претседателот Заев истакна дека Северна Македонија нема поголем пријател и посилен поддржувач на евроатлантскиот пат од Германија.

„ Навистина сме благодарни на поддршката што сите овие години ја добиваме од Германија, не само од канцеларката Ангела Меркел, туку и од министри за надворешни работи, од членови на Бунедстагот, од германски европратенииц. За нас е чест и привилегија на европскиот пат да имаме силен и искрен сојузник како што е Германија. Убедени сме дека преку реформите, преку Берлинскиот процес кој за првпат ќе го водиме ние како држава кандидат, дека ќе ги дадеме сите аргументи за отворање на почнување на преговори, додека трае германското претседавање со Унијата“ порача Заев.

Во однос на политичката ситуација, Заев ја информираше амбасадорката дека СДСМ води сериозни разговори за формирање на ново стабилно парламентарно мнозинство и нова Влада која ќе работи во интерес на граѓаните.

„ Водиме процес на разговори преку кои ќе обезбедиме сигурно стабилно парламентарно мнозинство преку кое ќе обезбедиме нова, одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Заради преговорите со ЕУ, заради предвидливоста и економската сигурност, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и формирање на стабилна одговорна Влада која ќе движи брзо напред. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот“, нагласи Заев.

Од страна на амбасадорката Холштајн, беа упатени честитки за успешно организираните фер, слободни и демократски избори на 15 јули и истовремено беше изразено уверување дека Германија продолжува уште повеќе посветено да ја поддржува Република Северна Македонија во остварување на стратешката цел – членството во ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален