Утрински Весник
Свет

Експлозијата во Бејрут остави 300.000 луѓе без покрив над главата

Експлозијата во Бејрут остави 300.000 луѓе без покрив над главата

Огромната експлозија во пристаништетто во Бејрут испрати шок-бранови низ градот, предизвикувајќи масовно оштетување на градбите дури до периферијата на градот. Гувернерот на на Бејрут, Марван Абуд, изјави дека најмалку 300.000 луѓе ги изгубиле своите домови и властите работат на обезбедување храна, вода и засолниште за нив, пренесува „Ал Џезира“.

Либанскиот претседател Мишел Аун во средата свика итен состанок на кабинетот и рече дека треба да се прогласи двонеделна вонредна состојба по масовната експлозија во која загинаа најмалку 100 лица, а беа повредени 4.000 други.

Официјални лица изјавија дека очекуваат дека бројот на загинатите да е се зголеми, бидејќи екипите за вонредни состојби се уште копаат низ урнатините во потрага по преживеани.

Причината за експлозијата се уште не е позната, но властите ја поврзуваат со околу 2.700 тони  конфискуван амониум нитрат складиран во хангар во пристаништето.

Генералниот директор на пристаништето во Бејрут, Хасан Корајем, изјави дека во објектот бил складиран високо експлозивен материјал уште пред шест години, врз основа на судски налог, објави локалниот радиодифузер ОТВ.

Корајем посочи дека царинското одделение и државната безбедност побарале од надлежните органи да го извезат или отстранат материјалот, но дека ништо не се случило. Тој нагласи дека во близина немало складирани експлозиви.

Во меѓувреме, либанските власти решија да го користат пристаништето во Триполи како привремена замена за пристаништето во Бејрут, коешто е уништено од експлозијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот