Утрински Весник
Македонија

Во домот на 22-годишен скопјанец пронајден арсенал оружје и муниција

Во домот на 22-годишен скопјанец пронајден арсенал оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за недовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, според полицијата, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено држел оружје и муниција: еден пиштол марка „FEG” со калибар 9 мм со рамка со 13 куршуми, еден пиштол KEL-TEC CNC INC со калибар 380 Auto со рамка со 5 куршуми, 17 куршуми со калибар 7.5 mmR, 3 куршуми со калибар 7,62 Х 25 мм, како и 105 куршуми со калибар 9 мм Para.

Оружјето и муницијата беа пронајдени и одземени при претрес на домот на осомничениот на 29 јули. Надлежниот јавен обвинител до судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот 22-годишник, бидејќи тој би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Уапсени 11 лица на територијата на цела држава фатени со дрога

Турски државјани се тепале во Прифатниот центар за странци

Тринаесетгодишно дете повредено по пад од електричен тротнет