Утрински Весник
Свет
Img 7972

Грчките премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе се отворат по 15 август

Грчките премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе се отворат по 15 август
Img 7972

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020 (сабота).

Вакво известување до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ било доставено од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки  за Ковид-19.

Сите патнички и товарни моторни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција до наведениот период, тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин „Евзони“. 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија