Утрински Весник
Свет

(Видео) Јапонска компанија измисли паметна маска која преведува осум јазици

(Видео) Јапонска компанија измисли паметна маска која преведува осум јазици

Со оглед дека заштитните маски станаа дел од секојдневието, јапонскиот стартап „Донат Роботикс“ се сети на една интересна иновација – креира паметна маска која е дизајнирана за олеснување на комуникацијата за време на физичката дистанца.

Паметната маска Си-Фејс може во комбинација со апликација да препише диктат, да го зголеми волуменот на тонот на корисникот и да го преведе говорот на осум различни јазици, пишува Си-ен-ен.

Со оглед на тоа дека има отвори на предната страна заради циркулација на воздух, Си-Фејс не може сама по себе да понуди заштита од ковид-19. На место тоа, дизајнирана е за олеснување на комуникацијата и носење преку стандардна маска за лице.

Оваа нова маска е направена од пластика и силикон, а има вграден микрофон кој преку Блутут се поврзува со мобилен телефон на корисникот и може од јапонски да преведе на кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански и француски, како и обратно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори

Израелски доселеници запалија две џамии на Западниот Брег, двајца Палестинци загинаа во Газа

Техеран ја обвини Украина за напад врз ирански брод во Каспиското Море