Утрински Весник
Свет

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирус ја завршил својата мисија во Кина и дека се подготвува да распореди поголема група експерти во областа од којашто се прошири епидемијата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека меѓународен тим ќе биде испратен во кинескиот град Вухан, од каде започна пандемијата кон крајот на минатата година.

Тој додаде дека „доказите и хипотезите“ кои ќе произлезат ќе бидат темел за понатамошните истражувања.

„Епидемиолошките проучувања ќе започнат во Вухан, за да се утврди можниот извор на инфекција кај првите случаи“, вели тој.

Се претпоставува дека заразата со коронавирус потекнува од пазарите во кинескиот град Вухан кадешто се продаваат најразлични животни. Научниците се обидуваат да го утврдат потеклоот на вирусот и како тој можел да премине од животните на луѓето. Тие ја отфрлаат шпекулацијата дека вирусот е произведен во лабораторија на Институтот за вирологија во Вухан.

Во светот од заразата со коронавирус се погодени повеќе од 18,3 милиони луѓе, од кои починаа повеќе од 695 илјади.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме