Утрински Весник
Спорт

Вилијан одбил нова понуда од Челси

Вилијан одбил нова понуда од Челси

Бразилскиот фудбалер Вилијан одбил уште една понуда од Челси. Одлуката дали ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ или ќе замине Вилијан ќе ја соопштел по дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Вилијан поради повреда не играше во саботата против Арсенал во финалето на ФА купот. Арсенал победи со 2.1 и го освои 14 трофеј во ова натпреварување.

„Нема донесено одлука. Добивме неколку добри понуди, една беше од МЛС лигата, но за таа понуда требаше да се изјасниме до 1 јули. Вилијан сакаше да ја заврши сезоната во Челси и дури тогаш да донесе одлука. Има две конкретни понуди од Премиер лигата, една од МЛС лигата и уште две од Европа“, рекол менаџерот на фудбалерот Киа Јорабчијан.

Челси на Бразилецот кој пред седум години пристигна од Шахтјор му понудиле две годишен договор. Англичаните тврдат дека клубот од МЛС лигата е Интер Мајами, а дека од Премиер лигата фаворит за неговиот потпис е Арсенал.

> Вилијан одбил нова понуда од Челси <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1