Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Хамилтон на „три тркала“ стигна до седма британска победа, катастрофа за Ботас

Хамилтон на „три тркала“ стигна до седма британска победа, катастрофа за Ботас
300x250 opst2

Мерцедес стигна до четвртата победа во четвртата трка од Формула 1 шампионатот, откако Луис Хамилтон од пол-позицијата како најголем непријател ги имаше гумите на Пирели, откако предната гума му се „распадна“ во последниот круг, но тоа не го спречи да стигне до рекордната седма победа на Британското ГП во Силверстоун.

До третата победа во низа Хамилтон стигна во претходно досадна трка, која „експлодираше“пред асот на Ред бул, Макс Ферстапен, кој беше на третото место до претпоследниот круг од трката, кога на Валтери Ботас му се распадна гумата за драматичен финиш. До третото место стигна Шарл Леклер во Ферари, додека Ботас на крајот заврши на 11. место.

Проблеми со гумите поради високата температура имаа речиси сите возачи, како Карлос Саинс, кој заврши надвор од поени, за да дозволи Даниел Рикардо (Рено) да биде четврт пред Лендо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Рено), Пјер Гасли (Алфа Таури), Александер Албон (Ред бул), Ленс Строл (Рејсинг поинт) и Себастијан Фетел на 10. место, истата позиција од која стартуваше.

> Хамилтон на „три тркала“ стигна до седма британска победа, катастрофа за Ботас <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица