Утрински Весник
Македонија

Џафери: Илинден е симбол на стремежот за подобро утре

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој годинава беше спречен да се обрати од Мечкин Камен, преку соопштение упати честитка по повод празникот 2 Август-Денот на Републиката.

„Илинден е симбол на стремежот за подобро утре, за подобар живот на идните генерации, поправедно општество, напредок и повисоки вредности. Во ова исклучително време на предизвици, на овој посебен ден да се потсетиме на двата Илиндена; на Крушевскиот манифест и на идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитена Република Северна Македонија, почитувајќи, уважувајќи и потпирајќи се на ближниот, на сограѓанинот, на соседот. Ви посакувам убав празничен ден со вашите семејства и посакувам што побрзо, преку почитување на мерките, разум и добро однесување, да го надминеме и предизвикот Ковид – 19 и секој празник да го одбележуваме масовно, сплотено, слободно“, наведе Џафери.

Вчера, од Собранието информираа дека собраниската делегација на Мечкин камен, Крушево, ќе ја предводи потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, бидејќи на Џафери по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување.

Тој минатата недела беше хоспитализиран на Инфективната клиника.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да продуцира со лаги за Тошковски, нека направи анализа зошто на анкетите губи 5 спрема 1

На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Гевгелија

СДСМ во маркетите: Кошничката нема ефект, јајцата, зејтинот, јогурот, кашкавалот, со повисоки цени