Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Рома го победи шампионот, Интер победи во Бергамо, Имобиле го израмни рекордот на Игуаин,

Рома го победи шампионот, Интер победи во Бергамо, Имобиле го израмни рекордот на Игуаин,
300x250 opst2

Интер го освои второто место во Серија А. Во директен дуел за втората позиција фудбалерите на тренерот Антонио Конте, во Бергамо, ја победија Аталанта со 2:0. Интер победи со головите на Дамброзио и Ешли Јанг во првите 20 минути од натпреварот.

Во последното коло шампионот Јувентус, комбиниран тим, од Рома од забележа првиот пораз на домашен терен сезонава. Фудбалерите од Рим, со пресврт, победија со 3:1. Игуаин го постигна првиот гол на натпреварот, а потоа Рома одговори со три гола. Израмни Калиниќ, а серијата ја затвори Пероти со два гола.

Наполи, во чии редови Елиф Елмас играше од 84 минута, го победи Лацио со 3:1. Фабијан Руиз го постигна првиот гол, а потоа израмни Чиро Имобиле. Напаѓачот на Лацио го постигна 36 гол и го израмни рекордот на Игуаин. Во второто полувреме Инсиње постигна гол од пенал во 54 минута, а во 93 минута конечниот резултат го постави Политано.

Милан славеше во дуелот со Каљари 3:0. Клаван го погоди својот гол во 11 минута, во 44 Ибрахимовиќ не реализираше пенал, но се исправи во 55 минута, а две минути подоцна Кастиљехо го постигна третиот гол.

Јувентус е шампион со 83 бода, еден повеќе од Интер, Аталанта и Лацио завршија со по 78 бода, Рома е на петтото место со 70, а четири бода помалку има Милан.

> Рома го победи шампионот, Интер победи во Бергамо, Имобиле го израмни рекордот на Игуаин, <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај