Утрински Весник
Свет

Русија планира масовна вакцинација против коронавирусот од октомври

Русија планира масовна вакцинација против коронавирусот од октомври

Русија се подготвува да почне со кампања за масовно вакцинирање против коронавирусот во октомври, изјави министерот за здравство Михаил Мурашо, јави новинската агенција РИА

Министерот, кој не достави детали за вакцината што ќе се користи, рече дека лекарите и наставниците ќе бидат првите што ќе се вакцинираат.

Неделава извор за „Ројтерс“ изјави дека првата потенцијална вакцина на Русија против Ковид-19, изработена од државниот институт за истражување, ќе добие одобрение од регулаторните агенции во август и наскоро ќе им биде препишана на здравствените работници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин оди во дводневна посета на Кина

САД се закануваат со воена интервенција поради блокадата на Ормускиот теснец

Масовен руски напад со беспилотни летала: Украина собори 269 од 294 авиони