Утрински Весник
Свет

Двајца загинати и 35 повредени во железничка несреќа во Португалија

Двајца загинати и 35 повредени во железничка несреќа во Португалија

Во железничка несреќа што се случи попладнево во Португалија, загинаа две лица а повредени се 35. Несреќата се случила во округот Коимбра, кога брзиот воз, кој патувал кон север, се судрил со машина за одржување на пругите во градот Соуре.

Портпаролот на спасувачката служба рекол за Ројтерс дека два медицински хеликоиптери, со 163 спасувачи, вклучително и пожарникари, стигнале на местото на несреќата.

Во возото имало 240 патници. 30 патници се со полесни повреди, а петмина се со потешки.

Според локалните медиуми, неколку луѓе останале заглавени во возот. Како што изјавиле сведоци на несреќата, во возот имало паника и врисоци од патниците, кои извикувале: „Сите долу на земја“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нов опасен тренд: Криминалци регрутираат тинејџери преку социјални мрежи за убиства

Кенеди Помладиот: САД погрешија во одговорот на Kовид-19, потребна е промена на здравствената политика

Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната