Утрински Весник
Магазин

Автобусот од филмот „Во дивината“ ќе биде претворен во музеј?

Автобусот од филмот „Во дивината“ ќе биде претворен во музеј?

Напуштениот автобус, кој бил последното место каде кампувал авантуристот Кристофер МекКендлес за кого е снимен и познатиот филм „Во дивината“ (Into the wild) од 2007 година, би можел да се претвори во музеј, според планот што вчера го објавија официјалните лица од американската сојузна држава Алјаска.

Музејот на Универзитет во Алјаска се понудил да го преземе автобусот, откако властите минатиот месец го преместија од локацијата каде што бил скоро шест децении, во близина на националниот парк Денали.

Автобусот долго време привлекуваше авантуристи во област каде што нема мрежа за мобилни телефони и која е позната по непредвидливите временски услови и дивите речни води. Имало случаи кога поединци тешко се повредувале или имало потреба да бидат евакуирани, пренесува агенцијата АП.

Во 1992 година во автобусот живеел 24-годишниот Кристофер МекКендлес кој на крајот починал од глад. Неговата приказна ја раскажа авторот Џон Кракауер во книгата од 1996 година, а во 2007 година, врз основа на книгата, Шон Пен го режираше истоимениот филм .

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста