Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

На Клиниката за Урологија двајца пациенти добија бубрег од починат донор

На Клиниката за Урологија двајца пациенти добија бубрег од починат донор
Img 7972

На Клиниката за Урологија докторите вршат пресадување на два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера била потврдена мозочна смрт, информираат од Министерството за здравство.

Министерот Венко Филипче истакна дека во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна жена, која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација.

„За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два живота. Да се донесе одлука да се даруваат органите на блискиот во моментите кога го губите засекогаш, е тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и хуманост да мислите на нечиј туѓ живот кога го губите саканиот“, нагласи министерот.

Од ресорното министерство информираат дека ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава.

На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Претходно имаше уште четири трансплантации на бубрези од жив донор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Царинa заплени средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека и друго

Отворени две постапки за семејно насилство во Скопје, се бара притвор

Штрајк во М-НАВ, затворање на македонското небо на 20 и 24 октомври – директорот спречува синдикални состаноци