Утрински Весник
Магазин

Документарниот филм Go-Go’s ќе ве натера повторно да се заљубите, пишуваат медиумите

Документарниот филм Go-Go’s ќе ве натера повторно да се заљубите, пишуваат медиумите

Go-Go’s има приближно сè што сакате во еден рок-документарец, презентирање усна историја за женскиот бенд кој беше на врвот на светските топлисти. Во него има  и секс, дрога, музика, пари и интрамурални караници и повредени егоа, според Си-ен-ен, кој во статија ја најави премиерата на филмот.

„Тешко да се поверува дека поминаа 40 години, но секој што се сеќава на бендот треба да се вљуби уште еднаш“, вели авторот на статијата, Брајан Ловри.

Go-Go’s се издвојува по тоа што беше прва и последна женска рок-група која свиреше свои инструменти и напиша свои песни за албумот број 1, „Убавицата и ритамот“. Таа пресвртница дојде среде стратосферски подем со кој тие брзо преминаа од свирки во ноќните барови до светски познатата арена „Медисон Сквер Гарден“.

Премиерата на фимот е на 31 јули во 21 часот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста