Утрински Весник
Свет

(Видео) Американец застрелан на судење за богохулие во Пакистан

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Државјанин на САД бил застрелан и убиен на судење за богохулие во Пакистан, додека бил во судница.

Тахир Ахмед Насим (47) починал во средата во северозападниот град Пешавар, откако еден граѓанин влегол во судницата и отворил оган пред судијата и другите присутни, соопштија локалните власти. Напаѓачот бил уапсен на местото на настанот, пренесе Си-ен-ен.

https://www.youtube.com/watch?v=vBz764H-zMQ

На Насим му се судело под обвинение за богохулење бидејќи наводно тврдел дека е пророк, што според пакистанскиот казнен законик е кривично дело казниво со смрт или доживотен затвор.

Секретаријатот на Соединетите држави соопшти дека е шокиран, тажен и навреден од убиството на Насим. Според американските официјални лица, одредени луѓе го намамиле Насим од неговиот дом во Илиноис во Пакистан и потоа ги искористиле пакистанските закони за богохулење за да го приведат. Насим од неговото апсење во 2018 година прима конзуларна помош од САД.

Локалната полиција истражува како осомничениот можел да влезе во судницата со оружје. Чувари обично се распоредени пред судските згради, а полицијата чува одредени судски простории со повисок ризик.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел