Утрински Весник
Спорт

Тибодо е нов тренер на Никси

Тибодо е нов тренер на Никси

Њујорк никс и официјално го потврдија поранешниот тренер на Чикаго булс и Минесота тимбервулфс, Том Тибодо за нов главен тренер на славниот тим.

Никси не можат да се пофалат со добри резултати последната деценија, но се надеваат дека Тибодо, нивниот 31. тренер во историјата, да се вратат во плејофот. Тибодо беше помошник тренер на Никс од 1996 до 2004 година, а во 2011 година како тренер на Чикаго беше прогласен за најдобар тренер во НБА-лигата.

„Благодарен сум на шансата да се вратам во славниот тим како главен тренер. Знам каков е Њујорк кога Никси имаат добри резултати и ништо не може да се спореди со тоа. Едвај чекам да почнам со градењето на новиот тим“, вели Тибодо.

> Тибодо е нов тренер на Никси <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шкупи ги упати првите „отровни стрели“ кон Сејдини и бара првиот човек на ФФМ веднаш да си замине

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Пелистер

Струга со пораз го прослави шампионскиот пехар, Шкендија ја зграпчи евро-визата