Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Села: Ако ДУИ не го исполни ветувањето за премиер Албанец треба да замине во опозиција

Села: Ако ДУИ не го исполни ветувањето за премиер Албанец треба да замине во опозиција
Img 7972

Ако не се прифати ветувањето на ДУИ за премиер Албанец, Ахмети треба да замине во опозиција, смета лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Тој рече дека дури и информациите за ротирачки премиер во кои ДУИ би добиле 1 година премиерско место се поразителни за Ахмети.

„Тоа би значело дека некој си игра со довербата што граѓаните им ја дале. Секоја политичка партија за време на кампањата ветуваше програма за четири години, а не некоја си ротација, со цел по секоја цена да се остане на власт. Бидете сигурни дека ќе тргнат раце и од тоа ветување“.

Лидерот на Алијансата откри дека се уште не преговараат за влез во новата Влада, а тоа ќе го направат откако ќе биде избран мандатар.

„Единствен контакт кој го имам деновиве е оној со Собранието околу конситутивната седница на Парламентот“, изјави Села, запрашан со кого повеќе контактира деновиве околу формирањето на идната Влада, дали со лидерот на СДСМ Зоран Заев или со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој денеска пред новинарите порача дека услов за преговарање на нивните пратеници е албанскиот јазик да биде запишан и во Уставот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Свети Николе: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!