Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот е модус вивенди на власта на Заев

(Видео) Заев: Го бараме вашиот глас за да продолжиме напред уште побрзо

Зоран Заев и СДСМ ја претворија Македонија во земја во која царува криминалот, корупцијата и рекетот. Сите видоа како функционери од власта на Заев ставаат снопчиња пари во своите торби, сите видоа како во Луј Витон куфери се носат изрекетираните пари, за кои има сведоштво дека завршувале кај Зоран и Вице Заеви, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Обвинителството и судството под директна контрола на Заев наместо да го гонат и осудат криминалот, тргуваа со правдата, па така имавме ситуација во која брат на судијка бара рекет од 6 милиони евра. За ова како и за речиси секој криминал во државата знаел Зоран Заев и истиот го заштитувал. Дека криминогените активности биле модус вивенди во работењето на власта на Заев потврда е и сведоштвото дека Мила Царовска и Александар Кирацовски, но и многу други партиски функционери посредувале во матните зделки и рекетирањето кое се одвивало, а Радмила Шекеринска во интимни средби директно комуницирала со изведувачите на ваквата операција.

Македонија и граѓаните не заслужуваат власт на Зоран Заев која ја тоне државата во криминал, рекет и корупција“ се вели во партиското соопштение.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт