Утрински Весник
Свет

Романија и Бугарија со постојан пораст на заболени, воведуваат нови мерки

Романија и Бугарија со постојан пораст на заболени, воведуваат нови мерки

Романија усвои нови мерки со цел спречување на растот на бројот на заболени од коронавирус. Меѓу мерките кои се воведуваат во Романија, задолжително е носење маска во некои отворени простории и намалени активности во кафулињата и рестораните.

Во Романија во последните 24 часа се регистрирани 1.182 нови случаи. Починале 30 луѓе заразени со ковид-19, а сите имале и други претходни болести.

За време на последните осум дена, Романија бележи над 1.000 случаи на коронавирус дневно, со што вкупниот број на заразени достигна на над 48.000, а 2.269 лица починале.

Носењето маски веќе беше задолжително во затворените простории. Гостите во кафулињата и рестораните можат да седат само на терасите, а на маса смеат да седат најмногу четворица.

Локалните власти ќе одлучуваат во кои уште надворешни простории ќе биде задолжително носењето маски, но, како што е наведено, најверојатно тоа ќе биде потребно на пазарите и железничките и автобуските станици.

Децата над 5 години исто така ќе мора да носат маски.

Во Бугарија пак во последните 24 часа се потврдени 284 нови случаи, што е за 34 повеќе од претходниот ден, соопшти Министерството за здравство.

Со тоа вкупниот број на заразени во оваа земја достигна 11.155, од кои 664 се медицински работници.

Претходниот ден починале 13 луѓе, па вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 368.

Со зголемувањето на новозаболени, Бугарија се соочува со недостиг на болнички персонал, пренесува ТАС С.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години