Утрински Весник
Свет

Путин: Вакцинацијата мора да биде доброволна

Вакцината на Оксфорд е една од водечките во трката за заштита од коронавирусот

Вакцинацијата против грип треба да биде доброволна, смета рускиот претседател Владимир Путин, а пренесе агенцијата „Спутник“.

Тој вели дека е неопходно луѓето компетентно да се информираат за важноста на вакцинацијата и да се направи процесот што е можно поедноставен.

„Дали да се вакцинира против грип или не е личен избор на секоја личност, но исто така е огромна одговорност на секоја личност за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски, особено на родителите за здравјето на нивните деца“, рече Путин на состанокот за санитарно-епидемиолошката состојба во Русија.

„Се разбира, принципот на доброволност мора строго да се почитува“, истакна тој.

Претседателот изјави дека е неопходно да се информираат луѓето за важноста на вакцинацијата против грип и вирусни респираторни инфекции, да се зборува за тоа кога и во која здравствена установа може процедурата да се изврши бесплатно и по можност без да се чека во ред.

Рускиот лидер рече дека најважно е да се заштити животот и здравјето на руските граѓани и дека надлежните мора да поаѓаат од таа логика.

Во Русија, 17 научни институти во моментов развиваат 26 варијанти на вакцина против коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мелони бара од Брисел да ја изземе енергетиката од правилата на ЕУ за потрошувачка

Папата Лав XIV на 25 мај ќе ја објави својата прва енциклика

На интернет пронајдени 14.200 објави поврзани со ИРГЦ