Утрински Весник
Македонија

МВР собира информации за зградата кај „Мавровка“, набрзо ќе следуваат и конкретни мерки

МВР собира информации за зградата кај „Мавровка“, набрзо ќе следуваат и конкретни мерки

Единицата за економски и компјутерски криминал при МВР ја информира јавноста дека постапува по нелегалните градежни активности во реонот на Трговскиот центар Мавровка и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење на елементи на кривично дело „бесправно градење“ кое што се гони по службена должност.

„За преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје е доставено писмено известување согласно Законот за кривична постапка“, информираат од МВР.

Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонија во портокалова фаза: Жешко до 39 степени, потоа дожд, силен ветер и град

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи