Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош ќе го реставрира манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези

Општина Карпош ќе го реставрира манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Советот на општина Карпош денеска одржа онлајн седницата на која беше прифатена одлуката за меѓуопштинска соработка со Градот Скопје, за реконструкција на улици во населбата Нерези.

Советниците го изгласаа и предлогот за конзерваторски и реставраторски работи на манастирот „Св.Пантелејмон“, кој датира од 12 век и е еден од културно-историските обележја не само на општина Карпош, туку и на градот Скопје.

Советниците дадоа „зелено светло“ и за грант од Министерството за труд и социјална политика, со помош на кој треба да се обнови детската градинка „Орце Николов“ во населбата Карпош 3.

На денешната седница советниците ја одобрија и иницијативата за распишување јавен повик за формирање  младински совет. Формирањето на овој младински совет треба да обезбеди поактивно учество на младите карпошани во реализацијата на разни проекти и настани, кои се од интерес на младината, како и нивна партиципација во решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите од оваа возрасна категорија.

Советниците одобрија и финансиски средства за реализација на дел од проектот „Училиштето е место за поттик на младите за позитивни промени и унапредување на животната средина“ во ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“.

На седницата се изгласа и одлуката за вработување на кадар во девет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа за учебната 2020/2021

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Планиран прекин на струја утре во делови од Тетово и селото Доброште

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница