Утрински Весник
Свет

Вонредната состојба во Италија продолжена до 15 октомври

Вонредната состојба во Италија продолжена до 15 октомври

Италијанскиот Сенат донесе одлука, на барање на премиерот Џузепе Конте, да ја продолжи вонредната состојба до 15 октомври, објави „Ројтерс“.

Претходно Конте побара од парламентот да ја продолжи вонредната состојба во земјата до крајот на октомври, што ќе му овозможи да владее со декрети, и покрај силното спротивставување на опозициските партии.

Владата кон крајот на јануари прогласи вонредна состојба за да им овозможи на министрите да се справат со кризата со коронавирус. Таа одлука важеше шест месеци, а истекува на крајот на јули.

„Вирусот продолжува да се развива и не исчезна. Би било несфатливо одеднаш да се прекине таквата ефективна мерка“, рече Конте во горниот дом на Сенатот, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, тој се откажа од барањето за продолжување до крајот на годината, истакнувајќи дека сака обновување само до октомври. Вонредната состојба им дава поголеми овластувања и на регионалните и на централните власти, вклучувајќи го олеснувањето на министрите да прогласат црвени зони ако болеста повторно се појави и да ги зајакнат болничките ресурси.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме