Првиот Deeper underground фестивал во Охрид ќе се одржи од 14 до 16 август, најави Авалон Продукција. Капацитетот е адаптиран по протоколите за само 3.000 посетители од вечер што е 20 отсто од капацитетот во Касарна каде ќе се одржува фестивалот.
„Задоволство ни е да ви најавиме дека Авалон Продукција од оваа година патентира нов бренд Deeper underground чие име зборува самото за себе. Па така, ви најавуваме дека после откажувањето на масовниот фестивал Ohrid Calling, успеавме Охрид, Македонија и регионот сепак да имаат неверојатно квалитетен електронски настан со најголемите светски имиња на house, d’n’b и techno сцената и тоа по следниот редослед: MEDUZA – 14 август, LTJ BUKEM X RONI SIZE X MC Dynamite – 15 август и ARTBAT – 16 август“, најавија од продукцијата.
Поради коронавирусот, бројот на посетители ќе биде ограничен. „Тоа значи дека секое друштво кое ќе присуствува на настаните, ќе мора да држи физичка дистанца од друго друштво, што нема да претставува проблем, со оглед на тоа дека капацитетот на локацијата е со 15.000 посетители“, велат од Авалон Продукција.
Влезниците по цена од 1.200 ден за една вечер и блок влезници за 1.990 денари за сите три дена, ќе бидат во продажба од четврток (30.07) од 09 часот наутро и тоа онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија.