Утрински Весник
Свет

Во Бугарија 250 новозаразени со коронавирус

Бугарија: Речиси 9000 заразени, коронавирусот влезе и во владата

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија е зголемен за 250, а вкупниот број на инфицирани во оваа земја достигна 10.871, од кои 4.750 се активни.

Починале уште осум луѓе заразени со коронавирус, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 355, пренесе агенцијата БТА.

Моментално 699 лица се хоспитализирани, а 40 се на интензивна нега. Заразени се 638 лица од медицинскиот персонал.

Од Ковид-19 во Бугарија досега оздравеле 5.766 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Боинг“ ја намали загубата во третото тримесечје, заостанатите нарачки се искачија на 745 милијарди долари

Франција ангажира 70.000 полицајци по најавите за нови протести

Секој трет Европеец поддржува авторитарна или популистичка партија